Египќанецот Мохамед Салах сеуште не освоил ниту една титула со својот тим Ливерпул сезонава, а на дофат му се и онаа од Премиер лига, а и од Лигата на Шампиони, но ја освои пак првата индивидуална.
Здружението на фудбалски новинари на островот, го одбра Салах за најдобар фудбалер со 48% од гласовите пред Кевин Де Брујне односно Деклан Рајс. За репрезентативецот на Египет, ова е втора ваква награда откако првата ја освои во 2018 година.
До овој момент сезонава, 29. годишниот Мохамед Салах на 31 натпревар во Премиер лигата постигна 22 гола и 13 асистенции. Вкупно има 30 гола и 14 асистенции на 44 натпревари.