Милан славеше на Сан Сиро во дербито против Лацио со 2-0 во 34. коло од Серија А и се врати во игра за пласман во топ-4 и место во Лигата на шампиони (ЛШ).
Леао во 11. минута се повреди, по што мораше да биде заменет, а само шест минути подоцна Бенасер погоди за водство од 1-0.
Во 29. минута Тео Ернандез ги воодушеви навивачите, откако го претрча цел терен и постигна спектакуларен гол за 2-0.
Лацио имаше неколку шанси во второто полувреме, но не реализира ниту една од нив, па Милан ги освои трите бода.
Милан има 61 бод на четвртата позиција во Серија А, односно два помалку од Јувентус и три помалку од Лацио.