Поранешниот италијански шампион Интер победи на гостувањето кај Рома со 2-0 во 34. коло од Серија А со што направи чекор напред кон пласман на позициите кои водат во Лигата на шампиони.
Во првото полувреме се водеше израмнета битка на „Олимпико“, но мрежите мируваа до 33. минута, кога Димарко погоди за водство од 1-0 на „нераѕурите“.
https://twitter.com/InterGIFs1908/status/1654887526203641857?s=20
Рома заигра подобро во вториот дел, но казната за пропуштените шанси стигна во 74. минута кога Лукаку погоди за конечни 2-0.
https://twitter.com/AAudhli/status/1654904323762012160?s=20
Интер има 63 бодови и се наоѓа на четвртата позиција во Серија А, додека Рома останува на седмото место со 58 бода.