Нил Мапеј осум минути по стартот на вториот дел даде гол кој го реши мечот па Евертон сега со седум бода, дојде до 13-то место после слабиот старт на сезоната без победа во шест меча.
Вест Хем, пак, кој лани играше извонредно и избори излез во Европа, летово иако се расфрлаше со пари за засилувања е непрепознатлив и со петтиот пораз во седмиот меч остана на само четири бода, трет одзади со само една победа и едно реми досега.