Фудбалерите на Аталанта успеаја да ја преживеат целосната офанзива на Рома и минимално да славата со 0-1 (0-1) на „Олимпико“. Избраниците на Џанпјеро Гасперини со трите бода се враќаат од Рим, а со тоа се вратија и на врвот на Серија А, каде што ќе бидат барем до вечерва. Со ова, Аталанта се врати на победите откако во минатото коло се сопна против Кремонезе.
Иако дуелот не тргна добро за „божицата од провинцијата“, бидејќи се повреди голманот Хуан Мусо и беше заменет со Спортиело, сепак ситуацијата се подобри. Младиот Џорџо Скалвини беше човекот кој донесе предност, откако во 35. минута даде убав гол по асистенција од Хојлунд (0-1).
Римјаните беа подобар ривал уште од стартот, играа поконкретно и поопасно, а повеќе ја имаа и топката во своите нозе. Сепак, тоа сè беше бадијала бидејќи на спротивната страна ја имаа најдобрата одбрана во лигата. Во вториот дел Рома се закануваше од полушанси, со удари од далечина, а во неколку наврати домашните очекуваа и пенал. Во еден таков момент Жозе Мурињо
Аталанта можеше да ја казни Рома и да стави точка на мечот по еден корнер, ама ударот на Марио Пашалиќ беше блокиран. На спротивната страна се закануваа Ибањез, Пелегрини, Абрахам, Шомуродов… меѓутоа Аталанта успеваше да ги одбие сите налети и имаше мала доза на среќа.
Со оваа победа Аталанта се искачи на врвот во Серија А со 17 бода, во пресрет на вечерното дерби меѓу Наполи и Милан кои имаат по 14.