Адама Траоре на првиот натпревар за Барселона воодушеви со неговото залагање на теренот и знаеше како да ги искористи физичките предизпозиции.
Тој беше одличен во победата над Атлетико од 4-2. Се пробиваше по страничните позиции како за шега, асистираше за еден гол и беше меѓу најдобро оценетите играчи во тимот на Чави.
За да ги исполни високите физички барања на англискиот фудбал, Адама целосно го промени начинот на кој тренира и јаде за да добие импресивна физичка сила и конституција што го прави повеќе да личи на ММА борец отколку на фудбалер. Кадена Сер пишува дека Адама продолжил да работи на ист начин во Барселона и дека целосно ги шокирал луѓето во клубот.
„Тренира двапати дневно од понеделник до четврток. Наутро тренира со тимот, а попладне работи на строга индивидуална програма или дома или во фитнес центар. Попладне работи на сила и вежби кои спречуваат повреди.
Покрај тоа, Адама многу внимава на исхраната. Се грижи апсолутно за се што јаде, извесно време имаше вегетаријанска исхрана, но заклучи дека му требаат животински протеини, па се откажа“.
Кадена Сер тврди дека начинот на работа на Адама веќе го преземаат некои негови соиграчи. Прв слично како него почна да работи Феран Торес, кој наводно ја барал програмата за вежбање на Траоре.