Српскиот првак Црвена Звезда убедливо го совлада Партизан со 0-4 на гости. Тоа е најубедливиот триумф во историјата што „црвено-белите“ го оствариле во домот на најголемиот ривал.

Разликата во квалитет е очигледна оваа сезона, а фудбалерите на Владан Милојевиќ немаа милост кон противникот.

Шериф Ендиаје од пенал го отвори резултатот во 24.минута, а Силас пред истекот на првиот дел зголеми на 0-2.

Во второто полувреме, Шериф Ендиаје постигна уште два гола, во 55. и во 65.минута и го комплетираше хет-трикот.

Во последните четири кола Партизан освои само два бода и со натпревар помалку сега е на деветтото место на табелата. Последната победа во првенството „црно-белите“ ја остварија на 4 август, против Железничар Панчево на домашен терен.