Играчот за врска во изминатите неколку сезони се истакна во Италија со разорниот удар со левата нога и сосема оправдано го доби епитетот на фудбалски „бомбардер“, па сега противничките голмани во Серија А дефинитивно ќе имаат проблем помалку кога ќе се соочуваат со Аталанта.
Клубот од Бергамо преку официјално соопштение му се заблагодари на Украинецот за незаборавните три и пол години минати заедно, по што зелено светло за потврда на трансферот доби и Марсеј.
Францускиот клуб го објави новото засилување кое ќе игра во Марсеј како позајмен играч до крајот на сезоната, по што трансферот ќе стане перманентен.
Целата висина на трансферот се очекува да достигне 13 милиони евра.