Фудбалската велшка икона Герет Бејл, објави дека става крај на фудбалската кариера. На 33 години се одлучи да замине од фудбалските терени, во фудбалска пензија.
Во богатата фудбалска кариера на Велшкиот репрезентативец, неговите фанови и љубителите на фудбалот ќе го запаметат по многу негови маестрални голови, од кои два гола се вистински ремек-дела.
Првиот гол го постигна на натпреварот помеѓу Реал и Барселона 2014 година на „Местаља“ во Валенсија, во финале од Шпанскиот куп. При резултат 1-1, во самиот финиш во 85. мин. Бејл му приреди вистински кошмар на Бартра, дефанзивецот на Барса.
Брзоногиот и незапирлив Бејл за момент загуби рамнотежа, го претрча зашеметениот Бартра покрај самата аут-линија и потоа постигна супер-гол за вистински делириум меѓу навивачите на Реал со што му донесе триумф на кралскиот клуб.
Уште еден велемајсторски гол на Велшанецот, после кој сигурно ќе се памети е во 2018 година во финалето од ЛШ против Ливерпул. Со сигурност еден од најубавите голови во историјата на фудбалот.
Реал Мадрид поведе со 1-0 со голот на Карим Бензема во 51. минута, но Садио Мане изедначи само пет минути подоцна. Тренерот Зидан во 61. минута го стави Бејл во игра и тоа дебело му се исплати само две минути покасно. Постигна гол со неверојатни ножички за водство на „кралевите“ во финалето на ЛШ.
И двата гола се вистински ремек дела, по кои ќе остане запаметена легендарната велшка фудбалска икона.