Римски Лацио сигурно чекори на патеката кон пласман во ЛШЃ. Со петтата победа во последните шест меча, вечерва триумфираше над Јувентус со 2-1 и се зацврсти на второто место. Лацијалите сега имаат пет бода предност пред Рома, шест пред Милан и седум пред Интер, откако двата милански гиганти киксираа во 29-то коло во Серија А.
Матија Закањи со гол во 53-та минута (голот може да го видите ТУКА) од натпреварот, ја круниса исклучително важната победа во дербито, откако Сергеј Милинковиќ-Савиќ донесе предност во 38-та минута (голот може да го погледнете ТУКА), а само четири минути потоа Адриен Рабио погоди за израмнување (голот на Французинот ТУКА).
Лацио со оваа победа сега има 58 бода, останува на огромни минус 16 зад лидерот Наполи на девет кола до крајот на сезоната, но сега малку покомотен, зашто третата Рома има 53, четвртиот Милан е на 52 бода, а петтиот Интер на 51 бод.
Јувентус после три победи по ред со овој шести пораз останува на 44 бода, и е далеку од местата за ЛШ, но не и недостижни осум бода од Милан во завршницата од сезоната.