Лидерот Вардар загуби од Беса со 2-1 во Врапчиште и ја загуби лидерската позиција на табелата во Втората лига. Дарио Десниќ го отвори резултатот во корист на Вардар, но Беса израмни пред одморот преку Имран Фетаи, а во вториот дел стигна и до победа со голот на Зани Назифи.
Нов лидер е Воска која убедливо ја победи Беласица со 4-1. Хет – трик постигна Бехар Фета, а гол даде и Фитон Адеми. Единствениот гол за Беласица беше дело на Даниел Радојчиќ.
Гостивар го совлада (5-0) Тетекс и ја продолжува битката за пласман во елитата. Двоен стрелец беше Антонио Каланоски, а голови постигнаа и Стојанче Велинов, Вилдан Керим и Емран Рамадани.
Караорман во езерското дерби славеше во Струга против тимот на Охрид со 1-0. Стрелец на голот беше Ќелешоски.
Битолски Пелистер не успеа да победи на гости против Слога Виница играјќи само 1-1. Борче Маневски донесе водство за Пелистер, но израмни Михаил Воинов во 44.минута.
Арсими ја победи Локомотива Пехчево со 0-3. Стрелци на головите за Арсими беа Самет Реџепи, Шпенд Асани и Мухамед Бекир.
Каменица Саса и Кожуф ремизираа 1-1, додека Детонит Плачковица славеше против Борец со 1-2.