Илија Несторовски беше стрелец на гол во големиот триумф на Славен Белупо против Динамо Загреб (4-1). Тој беше стрелец во 77.минута, кога ја потврди победата.
Составот на Динамо Загреб доживеа нова резултатска катастофа, овојпат во домашниот шампионат каде доживеа убедлив пораз од Славен Белупо со 4-1.
Актуелниот хрватски првак беше уништен од Баерн Минхен во Лигата на шампионите (9-2) и соочувањето со Славеан требаше да помогне да се заборави тоа издание со сигурно издание и победа, ама се случи спротивното со што се продлабочи кризата во тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Динамо поведе во Копривница преку Петковиќ, меѓутоа тоа не помогна затоа што продолжението им припадна на домаќините кои дадоа четири погодоци од кои последниот беше на Илија Несторовски во 77 минута.