Баварската машина Баерн Минхен по победата од 9-2 во Лигата на шампионите денеска постигна пет гола во триумфот 5-0 во Бундеслигата на гостувањето кај Вердер.
Домаќините во денешниот натпревар немаа никакви шанси, Баерн доминираше од почетокот до крајот.
Резултатот беше отворен во 23-тата минута кога Олисе ја погоди мрежата по асистенцијата од Хари Кејн. Десет минути подоцна стрелецот Олисе сега беше во улога на асистент, а за 0-2 се погрижи Мусиала.
На пауза Баерн замина со водство од 0-2, а во вториот дел баварците постигнаа уште три гола. Во листата на стрелци се запишаа Кејн и Гнабри, додека Олисе по двете асистенции го постигна и вториот гол.
Во останатите три натпревари Бохум и Холштајн ремизираа 2-2, Фрајбург запиша сигурна победа на гости кај Хајденхајм од 0-3, додека Унион Берлин на домашен терен го совлада Хофенхајм со 2-1.