Македонскиот репрезентативец, голгетерот Бојан Миовски го постигна својот 15-ти гол сезонава во шкотскиот Премиершип, откако погоди на минута пред полувремето Ливингстон и му донесе на Абердин водство со 1-0.
За Миовски ова е петти гол во оваа 2023 година, откако даде голови со Глазгов Ренџерс, Сент Мирен и два на Мадервил, па останува на трето место на листата на стрелците, четири гола зад Јапонецот од Селтик, Фурухаши (19) и два зад центарфорот на Хартс, Шанкланд (17).