Портланд Блејзерс го победи Хјустон со 131:114, а Дамиан Лилард постигна неверојатни 71 поен, од кои 13 тројки, Никола Јокиќ имаше трипл-дабл со 40 поени во победата на Денвер над ЛА Клиперс од 134-124.

Портланд дојде до лесна победа над Хјустон, а Лилард рушеше лични рекорди. Неговите 71 поен се најмногу на еден натпревар во својата кариера, погоди 13 тројки кои исто така се најмногу за него на еден натпревар.

 

За Лилард ова беше петтиот натпревар со 60+ поени со што сега е на третото место на кошаркари кои постигнале 60+ поени на еден натпревар. Пред него е Коби Брајант со само еден таков натпревар повеќе, а на врвот недостижен е Вилт Чемберлејн со 32 меча.

Доминантна партија имаше и Никола Јокиќ кој запиша уште еден трипл-дабл. Србинот беше главен во победата над ЛА Клиперс со 134-124. Постигна 40 поени, имаше 17 скокови и 10 асистенции. Најдобар кај Клиперс беше Ленард со 33 поени.

 

Интересен меч одиграа Далас и Лејкерс кој го добија гостите со 111-108. Лејкерси се вратија од -27 и дојдоа до триумф. Кога се одлучуваше мечот Дејвис и Леброн го кренаа нивото, беа подобри од Дончиќ и Ирвинг и заслужено победија.

Најдобар беше Дејвис со 30 поени и 15 скокови, Леброн постигна 26. Лука Дончиќ кај Далас даде 26, Ирвинг постигна 21 поен, имаше и 11 скокови.

 

Резултати: Милвоки – Феникс 104-101, Атланта – Бруклин 129-127, Чикаго – Вашингтон 102-82, Далас – ЛА Лејкерс 108-111, Кливленд – Торонто 118-93, Оклахома – Сакраменто 115-124, Голден стејт – Минесота 109-104, Портланд – Хјустон 131-114, Денвер – ЛА Клиперс 134-124.