Денвер Нагетс извојува победа над Минесота Тимбервулвс со 115:107 во вториот дуел во Минеаполис со што израмни на 2-2 во полуфиналната серија на Западот.
Во прв план беше Јокиќ со 35 поени, 7 скока и 7 асистенции, блескав настап имаше Гордон со 27 поени, 7 скока и 6 асистенции.
Младиот Едвардс пак за „волците“ реализираше дури 44 кошеви, ама и тоа не беше доволно за позитивен резултат. Следната средба се игра во Колорадо што значи дека Денвер ја врати предноста на домашниот терен кој засега во серијата ништо не значи, ама тоа може да се промени.
Во пресметката меѓу Индијана Пејсерс и Њујорк Никс резултатот е 2-2 и тоа откако четата на Карлајл го здроби ривалот со 121-89.
Дури шестмина домашни кошаркарки беа двоцифрени, Буркс пак со 20 кошеви беше прв стрелец кај поразените.