Победничката низа ја продолжија Далас и Бостон. Тексашаните предводени од Словенецот Лука Дончиќ дојдоа и до четвртата сезонска победа и се единствениот непоразен тим на Западот. Дончиќ натпреварот го заврши со 18 поени и 10 скока.
Бостон ја победи Индијана со 155:104 предводен од Џејсон Тејтум кој имаше 30 поени и 12 скока. За Селтикс ова беше исто така четврта победа во низа која го направи единствениот тим на Истокот кој се уште е непоразен.
РЕЗУЛТАТИ:
Голден Стејт – Сакраменто 102:101
Детроит – Портланд 101:110
Торонто – Милвоки 130:111
Атланта – Вашингтон 130:121
Бостон – Индијана 155:104
Мајами – Бруклин 105:109
Њујорк – Кливленд 89:95
Оклахома – Њу Орлеанс 106:110
Хјустон – Шарлот 128:119
Минесота – Денвер 110:89
Далас – Чикаго 114:105
Јута – Мемфис 133:109
Ла Лејкерс – ЛА Клиперс 130:125 (прод.)