Српскиот тенисер триумфираше со 2-1 (4-6, 7-6, 6-4) за 2 часа и 39 минути игра и ја постигна 47. победа на овој турнир на кој има шест титули во кариерата и ги држи сите рекорди. Ѓоковиќ подобро почна, поведе со 3-0, но по 3-1, Грикспор одговори со пет гема во серија и го освои првиот сет. Холанѓанецот доминираше и во вториот сет, на 4-4 имаше две брејк топки (15-40), не ги искористи, а потоа го стигна казната во тај-брејкот каде Ѓоковиќ е неприкосновен.
Во решавачкиот сет, Новак направи брејк за 3-2, Грикспор врати за 4-4, но во деветтиот гем Ѓоковиќ повторно освои сервис на противникот, без загубен поен и потоа без проблем стави точка на мечот.
Во четвртфинале, Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Алтмаер и бранителот на титулата Холгер Руне.
https://twitter.com/i/status/1720164209625903389