Сан Антонио повторно го победи Феникс, а ѕверска партија одигра првиот пик на драфтот Вембања. Кошаркарите на Сан Антонио спарс по вторпат за три дена славеа победа над Феникс санс во НБА лигата, овојпат со 132-121, благодарение на дебитантот Виктор Вембањама кој имаше феноменално издание со 38 поени, 10 скока и по две асистенции и блокади.
Вембањама стана вториот дебитант во Спарс по легендата Дејвид Робинсон, кој на своите први пет натпревари во НБА, постигнал над 100 поени.
Французинот е многу висок и со долги раце, а подвижен и шутира добро како бек, речиси е невозможно да биде запрен и веројатно ќе има феноменална статистика како дебитант во најсилната лига на светот. На Санс не им помогна ни враќањето на Девин Букер во првата петорка.