Фаворитите во Шпанскиот Куп без многу проблеми го минаа второто коло.
Екипата на Виљареал, триумфираше на гости кај Чиклана, го демолира домаќинот и извојува убедлива победа од 0-5. Мануел Тригерос беше главната звезда на натпреварот, и постигна три гола за „жолтата подморница“, и тоа во 19, 43 и 72. минута, додека останатите голови беа дело на Паскал и Баена.
Сигурна победа извојува и тимот на Гранада, со 0-3 славеше на гостувањето кај Ароса, додека Валенсија со голови во финишот на првото и второто полувреме со 0-2 го елиминира тимот на Логронес. Стрелци на головите за „лилјаците“ беа Гозалбез во 46. и Лопез во 88. минута.
Во следното коло пласман обезбедија Рајо на Столе Димитриевски, Севиља, Хетафе, Реал Сосиедад, Атлетик Билбао…