Навивачите на Челси никогаш нема да го заборават Том Хенинг Овребо, кој го направи најголемиот скандал во историјата на Лигата на шампиони (ЛШ) и го ограби премиерлигашот во натпреварот против Барселона.
Челси во реваншот водеше со голот на Есиен, но потоа Иниеста израмни на 1-1 во последните минути од натпреварот и Барселона обезбеди пласман понатаму поради гол на гости, а за да биде уште полошо во завршницата на лондонскиот гигант не му беше досуден пенал.
По 13 годни судијата Овребо реши да признае дека го оштетил Челси и на некој начин ѝ помогнал на Барселона да стане шампион.
„Сигурен сум дека мечот ќе беше полесен за нас ако не беше постигнат тој гол. Челси ќе играше во финале и никој нема да зборуваше зошто не биле досудени неколку пенали“, вели судијата.
Дани Алвеш најпрво направи прекршок врз Флорент Малуда во казнениот простор, а потоа нешто идентично направи Ерик Абидал врз Дидие Дрогба, додека на 10 минути пред крајот Жерар Пике играше со рака.
Последниот спорен детал се случи по голот на Иниеста, кога Балак шутираше и го погод Ето во рака, но повторно Челси не доби пенал.
„Требаше да биде досуден најмалку еден пенал на натпреварот. Да имав помош од ВАР, сигурен сум дека некои одлуки ќе беа поразлични“, кажа судијата.