Тој не сакаше да ги открие имињата на играчите, кои во јуни ќе му се приклучат на шпанскиот гигант како слободни агенти.
„Веќе имаме договорено двајца играчи. Се работи за дефанзивец и еден фудбалер од средниот ред“, рече Лапорта околу трансфер-плановите за следната сезона.
Во јавноста веќе се знаат и имињата на овие двајца фудбалери, а тоа се Андреас Кристенсен од Челси и Франк Кеси од Милан. На двајцата договорите со нивните актуелни клубови им истекуваат на 30 јуни.