ФИБА Европа одлучи организатори на Евробаскетот 2025 да бидат три земји, Летонија, Кипар и Финска.
Ова беше решено со гласање на состанокот во Минхен.
Летонија ќе биде домаќин на последната фаза од натпреварувањето, како и домаќин на една од групите во групната фаза.
Кипар и Финска ќе бидат домаќини на по една од групите во групната фаза.
Со седницата претседаваше претседателот на ФИБА Европа, Тугај Демирел, при што беше одлучено завршниот турнир да се игра во септември 2025 година.
Точниот датум ќе биде објавен подоцна, а претквалификациите за турнирот започнаа во ноември 2021 година.
На споменатиот состанок, ФИБА Европа разговараше и за ситуацијата во Украина и како војната се одрази на спортот, особено на кошарката.
Имајќи ја предвид исклучително тешката ситуација и предизвиците со кои се соочува земјата, како чин на солидарност со Федерацијата на Украина, Управниот одбор одлучи да ги продолжи разговорите со Украина за домаќин на четвртата група на Евробаскет 2025 година.
Овие разговори ќе траат до ноември оваа година, а ФИБА Европа во исто време ќе работи на алтернативен план.