Словенечката кошаркарска суперзвезда, Лука Дончиќ продолжува да си поигрува со своите ривали во НБА лигата, постигнувајќи трипл-дабл како од шега. Синоќа тој го предводеше тимот на Далас во победата над Чикаго од 127:92, постигнувајќи 27 поени, 12 скока и 14 асистенции.
Пред четири дена во победата на Далас над Мајами (114:108) тој израмни еден и постави два нови трипл-дабл рекорда. Потоа во триумфот над Детроит (142:124) собори уште два НБА трипл-дабл рекорда, по само два дена откако го израмни едниот, а го постави другиот.
Дончиќ сега е на второто место на клупската листа на Далас маверикс за три поени, минувајќи го Џејсон Тери. Дончиќ сега има погодено 1.143 тројки во кариерата, 839 помалку од рекордерот, Дирк Новицки.