Двете големи европски суперѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ продолжија да блескаат во своите екипи. Двајцата ноќеска остварија трипл дабл и ги однесоа до победи своите тимови Денвер и Далас.
Шампионот го победи Торонто со 125-119 иако имаше негатива од 22 во првото и 21 поен во второто полувреме. Во вториот период, Репторс водеа со 64-42 и 66-44, во третиот беше +21 (85-64), но потоа се разигра домашниот тим и направи пресврт. До крајот на третата четвртина Денвер веќе намали на 93-98, а водството го презеде кон средината од од последниот квартал (108-107). Последен пат Торонто беше во игра во самиот финиш, кога намали на 119-121, но во следниот напад Портер погоди тројка и ги уништи надежите за сензација на гостинскиот тим.
Никола Јокиќ го оствари 21. трипл дабл во сезоната, постигнувајќи 35 поени, 17 скока и 12 асистенции, плус 6 украдени топки. Сега има само еден трипл дабл помалку од Домантас Сабонис кој е на првото место во оваа статистичка категорија. Мареј додаде 26 поени и 12 скока, а Гордон и Портер завршија со по 12 поени. Кај Торонто, најдобар беше Берет со 26 поени, 9 асистенции и 7 скока, а Олиник додаде 24 поени.
Лука Дончиќ го оствари седмиот трипл дабл во низа што е невидено во историјата на НБА лигата. Во победата против Чикаго со 127-92, Словенецот постигна 27 поени, 14 асистенции и 12 скока, потврдувајќи ја одличната форма последниот месец.