Кошаркарите на Белградски Партизан го совладаа одличниот тим на литванскиот Жалгирис со 84-78 во натпревар од Евролигата. Ова беше трет триумф еднопоруго за тимот на Жељко Обрадовиќ, црно белите очигледно се разиграа по победата во дербито со Црвена Звезда пред две недели. Партизан одигра одличен натпревар, моќно делуваше како колектив и го контролираше резултатот во текот на целиот натпревар. Најдобри стрелци кај „црно-белите“ беа, репрезентативецот на Јужен Судан, Карлик Џонс со 17 а  Нтиликина и Тајрик Џонс со по 15 постигнати поени беа. Лоно Вокер со 24 поени беше извонреден и најсветла точка во екипата на литванскиот првак.

Европскиот шампион Панатинаикос оствари минимална но голема победа против Барселона во „О.А.К.А.“ во Атина после голема борба со каталонците. „Детелинките“ имаа водство во текот на целиот натпревар и се радуваа на победата со 90-89. Кендрик Нан со 29 поени беше нерешлива енигма за гостинскиот тим и апсолутно најдобар играч на натпреварот.

Големо изненадување приреди Асвел, кој на свој терен во Лион го надигра европскиот вицешампион Реал Мадрид со 80-78 постигнувајќи сензационална победа. Тео Маледон со 23 постигнати поени и Париз Ли со 15, беа најдобри поединци во францускиот тим.