Родениот охриѓанец Чеди Осман кој настапува за Кливленд синоќа имаше натпревар за паметење.
Одигра маестрално и со 23 поени 3 скока и 4 асистенции го предводеше својот тим до победа од 115:99 против актуелтнио шампион Милвоки.
Инаку Осман игра во НБА од 2015 година а пред да дојде во најсилната лига на светот играше за Анадолу Ефес.
Заради турското потекло по татко, тој беше натурализиран како турски државјанин и заигра за турската репрезентација уште како младинец.
Но Чеди секогаш се гордее со своето родно место и Македонија па во еден наврат играше со специјални патики со мотиви од македонското знаме.