Австралјаните со грчки корени Ник Киргиос и Танаси Кокинакис се пласираа во финалето во двојки на Австралија опен откако ги победија третите носители, шпанско-аргентинска комбинација Марсело Гранољерс и Хорасио Зебаљос, во полуфиналниот меч со 7:6, 6:4.

Во финалето ќе се обидат да стигнат до титулата против сонародниците Метју Ебден и Макс Персел. Тоа ќе биде прво целосно австралиско финале од 1980 година кога Ким Ворвик и Марк Едмондсон ги победија Питер Мекнамаро и Пол Мекнеми.

Колку победата и пласманот во финалето им значеше на играчите кои ја воодушевуваат публиката со својата неконвенционална и по малку дива игра, најдобро докажуваат сцените на лудо славје по мечот.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1486575894122713097?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1486575894122713097%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fvideo-ovakva-proslava-pobjede-rijetko-se-vidja-u-tenisu%2F2335356.aspx