Познати се тројца од четворицата учесници на завршниот Мастерс во Торино.
Тоа се Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев и Александар Зверев, а името на четвртиот ќе го добиеме по мечот меѓу Андреј Рубљев и Каспер Руд.
Интересно е што вакво издание на завршниот Мастерс е прво по 1994 година, во кое тројцата полуфиналисти ќе бидат поранешни шампиони.
Тогаш за трофејот се бореа Андре Агаси, Борис Бекер и Пит Сампрас, а титулата ја освои Сампрас.
Инаку, Новак 5 пати го освојуваше трофејот на завршниот турнир (2008, 2012, 2013, 2014 и 2015 година), Зверев и Медведев еднаш, во 2018 и 2020 година.
Полуфиналето е на програмата во сабота, а Ѓоковиќ и Зверев се една од двојките.