Ѓоковиќ го почна Ју-Ес опен со победа, на четвртиот грен-слем во годината, Отвореното тениско првенство на САД (Ју-Ес опен).

Српскиот тенисер го совлада Александр Милер со 6-0, 6-2, 6-3 и посебно ѝ се израдува на оваа победа, бидејќи со неа ќе го заземе врвот на следната АТП-листа, на 11 септември.

Со оглед на тоа дека актуелниот светски лидер, Карлос Алкараз, лани го освои Ју-Ес опен и не може да добие, може само да загуби бодови, а Ѓоковиќ го пропушти турнирот бидејќи САД не му дозволија влез во државата, Србинот дури и да отпадне во второто коло, повторно ќе има 70 бода повеќе од Алкараз и ќе се врати на врвот.

„Одиграв одлично, излегов на теренот со нетрпение, две години поминаа од тоа последно финале, две години не сум играл на ова тло. Засега работите одат совршено, титула во Синсинати, овде првите два сета совршени… Прв меч е на грен-слем, се надевам дека ќе го држам ова ниво, бев доста сконцентриран. На последните два грен-слема почетоците не ми беа најсјајни, а тука некако имав дополнителен фокус да излезам на терен и да ја наметнам својата игра“, рече Ѓоковиќ по победата.

Негов ривал во втората рунда ќе биде Запата Миралес од Шпанија, кој во првото коло немаше вистински тест во Итан Квин од САД, 476. на светот. Првото коло синоќа го мина и седмиот носител, Стефанос Циципас од Грција, совладувајќи го со 3-0 некогашниот топ-10, Милош Раониќ од Канада, а прерано беше елиминиран уште еден Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим, кој е 15. носител. Тој загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд со 3-1.

https://twitter.com/usopen/status/1696370742860919186?s=20