Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза го заврши настапот на Австралија опен.
Мугуруза беше поразена од 61. тенисерка во светот Ализ Корне.
Французинката славеше по два одиграни сета – 6:3, 6:3.
Корне го контролираше мечот од самиот почеток и беше многу подобра од третата тенисерка во светот.
Таа направи ран брејк, дојде до 3:0, имаше три брејк топки при 3:0 на 0:40, но Мугуруза се извлече и остана во сетот.
Сепак, сервисот на Корне беше незадопирлив, па таа ја задржа предноста од брејк и поведе во сетовите.
Во вториот сет направи брејк во петтиот гем и го потврди својот перфектен меч.
Таа не дозволи ниту една брејк топка на третата тенисерка во светот.
Следна противничка ќе и биде подобрата од мечот Зиданшек – Вотсон.