Фудбалерите на Интер се мачеа да се пласираат во четвртфиналето на Купот на Италија, бидејќи по продолженијата на домашен терен славеа против Емполи со 3:2, по 2:2 во регуларните 90 минути.
Натпреварот започна лошо за Интер, бидејќи Хаокин Кореја во солзи го напушти теренот во втората минута поради повреда.
Во игра влезе Алексис Санчез, кој веќе во 13. минута им донесе водство на „нероазурите“.
Тоа го направи по одличен скок и удар со глава од многу тешка позиција. Се чинеше дека тоа ќе биде рутинска победа за Интер.
Интер се обидуваше до полувремето преку Дензел Дамфрис, Лаутар Мартинез, а Емполи покажа навестување за добро второ полувреме во финишот на првото по одличниот удар на Лео Штулац.
Второто полувреме започна со одлична шанса за Андреа Ранокија, но гостите први се радуваа по голот на Недим Бајрами во 62. минута по убав удар крајпо десната статива.
Шест минути подоцна Лаутаро одлично се обиде, но неговиот удар го одбрани Фурлан, а во 70. минута Дамфрис можеше да му донесе ново водство на Интер, но голманот на Емполи повторно беше на висината на задачата.
Холандскиот дефанзивец можеше да биде целосен трагичар доколку судијата досудеше пенал откако играше со рака, но ВАР покажа дека нема ништо од најстрогата казна.
Се чинеше дека домаќинот е на работ од бездната кога Андреј Раду си постигна автогол,а израмнувањето за Интер во првата минута од продолжението го донесе Ранокија по извонреден акробатски удар по корнер.
Интер можеше да победи во регуларниот дел, но голот на Санчез беше поништен поради офсајд, па почна продолжението.
Интер не сакаше пенали, па при првото продолжение тргна жестоко пред голот на Емполи. Се обидоа Един Џеко и Хакан Чалханоглу, а победата во 104. минута ја обезбеди Стефано Сенси по одличната асистенција на Санчез.
Интер не се намачи премногу до крајот на мечот, па рутински ја задржа минималната предност доволна за осминафиналето каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Рома и Лече.