Никола Јокиќ ги поместува границите на кошарката, Денвер ги совлада Клиперси, Србинот постигна 49 поени, имаше 14 скока, 10 асистенции, 3 блокади,  одигра меч од соништата, дури и за своите стандарди и го реши натпреварот, 130:128 за Денвер. .

Тој постигна 11 поени во продолжението до кое Денвер дојде по големиот пресврт. Му асистираше на Гордон кога го удвоија во самиот финиш што беше печат на натпреварот.

Ова е првпат по повеќе од 50 години центар да направи трипл-дабл со 45+ поени, кој го наследи легендарниот Џабар во 1970 година.  Вилт Чембрлен двапати стигна до таков ефект во шеесетите.

По победничкиот пас до Гордон, тој кажа само едно:

„Тој е најдобриот играч во светот, среќни сме што имаме можност да го делиме паркетот со Јокиќ.

Сите бројки покажуваат дека Србинот игра уште подобра сезона од ланската кога ја освои престижната титула МВП.

„Дали разбирате што прави? Го чуваат двајца или тројца играчи и постигнува 49 поени“, изјави Мајк Мелоун. Јокиќ сега е трет по асистенции на вечната листа на Нагетс, го прескокна Андре Милер, а му недостигаат 700 поени од Алекс Инглиш, кој е прв на таа листа .