Аталанта од Бергамо освои големи три бода на гостувањето кај Торино, откако славеше со 2-1 во 32. коло од Серија А и остана во трка за место кое води во Лигата на шампиони.

Ѕапакоста им донесе водство на гостите од Бергамо во 34. минута од средбата, по што Санабрија израмни на 1-1 во 75. минута.

Гостите нападнаа кон голот на „биковите“ и Запата во 88. минута погоди за 2-1 и обезбеди победа за Аталанта.

Аталанта има 55 бодови на шестото место, односно два помалку од четвртопласираниот Милан.