Бразилскиот Палмеирас ќе игра во финалето на Светското клупско првенство откако вечерва во полуфиналето го совлада Ал Ахли од Египет со 2:0. Рафаел Веига го отвори резултатот со гол во 39. минута и тоа после одличното додавање на Дуду. Четири минути во второто полувреме Дуду ја затресе мрежата на африканскиот првак што се покажа и како конечен резултат на крајот.
Во 73. минута Мохамед Шариф постигна гол кој по реакција на ВАР судијата Клеман Турпин го поништи поради офсајд.
Палмеирас влезе во финалето, а неговиот противник ќе биде подобриот од дуелот меѓу европскиот првак Челзи и домаќинот Ал Хилал од Саудиска Арабија. Тој натпревар се игра во среда со почеток од 17:30 часот.
На 12. февруари ќе се играат натпреварите за третото место како и оној за титулата.