Веќе со недели учеството на фудбалската репрезентација на Иран на Мундијалот е доведено во прашање поради наводната помош на оваа земја за Русија во тековната војна.
Најгласен во лобирањето за протерување на Иран е фудбалскиот сојуз на Украина, кој официјално побара исфрлање на оваа азиска земја од Светското првенство во Катар.
И покрај притисокот од Украина, ФИФА остана на својата првична одлука да го задржи Иран во натпреварувањето .
Една од причините за овој потег е желбата на Украинците наместо Иран да бидат тие кои ќе влезат на Мундијалот. Но, правилата налагаат во случај на исклучување таа селекција да ја замени само некој од истата федерација.
Медиумите пишуваат дека тоа би можело да биде репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.
Фудбалерите на Иран на Светското првенство се во групата Б, заедно со Англија, Соединетите Американски Држави и Велс.