Гави е едно од најголемите изненадувања и откритија сезонава во петте лиги. 17-годишниот играч за врска на Барселона станува се поважен дел од тимот на Чави, а на последните два натпревари постигна еден гол и додаде две асистенции.

Иако експертите проценуваат дека тој веќе вреди најмалку 30 милиони евра, младиот Шпанец не совлада една од оние вештини кои се учат во градинка. Имено, некои фанови забележале дека тој речиси секогаш игра во одврзани копачки.

Шпанскиот новинар Марк Марба Прат ја откри причината на Твитер. “Од мал игра во одврзани копачки. Само не знае доволно добро да ги врзе. Навикнат е на тоа, долго време игра така и му одговара”, напиша Прат, а објавата предизвика големи реакции кај навивачите на Барселона на кои не им се верува дека професионален фудбалер не знае да ги врзува копачките.

https://twitter.com/LaTdT/status/1472306874460651520?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1472306874460651520%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Figra-za-barcu-vrijedi-30-milijuna-eura-igra-odvezanih-kopacki-jer-ih-ne-zna-vezati%2F2327084.aspx