Кошаркарската репрезентација на САД доби нов тренер.Наместо легендарниот Грег Поповиќ, кој се пензионираше откако го одбрани олимпиското злато во Токио, назначен е тренерот на Голден Стејт, Стив Кер.
Како што е најавено, Кер ќе го води американскиот „Дрим тим“ во следниот олимписки циклус, до Игрите во Париз во 2024 година.
Ќе му помагаат Марк Фу од Универзитетот во Гонзага, тренерот на Мајами Хит Ерик Споелстра и на Феникс Санс Монти Вилијамс како помошници во стручниот штаб.
Стив Кер дури трипати стана шампион во НБА со Вориорс како тренер, а уште пет како играч.
Прогласен е за најдобар тренер во НБА лигата во 2016 година.