Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ беше видно разочаран и тажен по поразот од Бурса во осминафиналето на Еврокупот.
„Прво,сакам да и честитам на екипата на Бурса за победата и им посакувам се најдобро во следните натпревари. Правилото е да се играат елиминациски натпревари. Жал ми е за моите играчи и сите луѓе кои беа во салата оваа вечер“, рече Обрадовиќ на почетокот на прес конференцијата .
„Под број еден, јас ја преземам одговорноста за поразот, во однос на се што се случи на теренот. Не сакам да навлегувам во детали. Можевме лесно да го завршиме натпреварот и да го добиеме во регуларниот дел, а јас ја преземам одговорноста за тоа затоа што е логично и имам најголемо искуство.Страшно ми е жал бидејќи една година од животот поминавме за да одиграме ваква утакмица,пред вакви навивачи.Жал ми е за сите , знам дека имаа голема желба, но на крајот испадна како што испадна.“
Неколку одлуки на крајот не се покажаа како најдобро решение, а Обрадовиќ не сакаше да навлегува во подлабока анализа.
„Што и да е, лошо заврши за нас. Можам да анализирам, но не можам да навлегувам сега. Потрошивме една година од нашите животи на ништо. Тоа е катастрофално. Дојдов за тоа. Знаевме дека ова е еден натпревар и ние се обидовме да се подготвиме на најдобар можен начин.Можам да разберам некои работи од првото полувреме, разговаравме за сето тоа, а на крајот има горчлив вкус.Секогаш ќе ги бранам навивачите.Реков дека ќе имам феноменален стручен штаб, го подготвивме натпреварот, но на крајот тоа не беше доволно. Секогаш ќе почнам од тренерот, односно од себе“.
Обрадовиќ беше запрашан дали ова му е најтешкиот пораз во кариерата.
Еден од најтешките сигурно.Знам колку сите сакавме да направиме нешто добро во Партизан оваа година.Се изгледаше прилично добро,освен последниот натпревар во Купот против Звезда,се изгледаше добро.Знам колку енергија претседателот, Зоран Савиќ и играчите вложија . Кој знае до кога ќе не држи овој пораз. Мора побрзо да се заборави, имаме уште едно натпреварување, но влегов во соблекувалната и не знаев како да им кажам на играчите кога ќе тренираме.Немав поим дека ова ќе се случи“.
Обрадовиќ изјави дека на крајот се случиле неверојатни работи, особено во регуларниот дел кога Партизан имаше +5.
„Грешките се составен дел од животот. Грешката е грешка, но некои други работи не се грешка. Мислам на делови од играта. Ако повторувате одново и одново, тогаш доаѓа клучниот момент и тоа се повторува. Тогаш го вперувам прстот во себе затоа што повторував 500 пати, а морав изгледа 2.500 пати.Секогаш ќе имам на ум што се случи.Земете ги натпреварите во Евролигата или Еврокупот, никаде немаше ваква атмосфера.Да не се повторувам зошто дојдов овде Многу ми е потешко…“
Дали размислува да замине на крајот на сезоната?
“Не размислувам за тоа, дојдов на три години. Тоа може да биде само одлука на клубот. Ако некој мисли дека има подобро решение за тренер на Партизан, слободно. Се чувствувам среќен и задоволен овде. Ова се тешки моменти, но мора да се одржиме заедно и да работиме“.