Кошаркарската репрезентација на Србија и по четири одиграни кола во групната фаза остана перфектна на Европското првенство, откако со сигурни 89-78 славеше над Израел и се врати на лидерската позиција во групата Д во Прага.
„Орлите“ имаат максимален учинок и во четврток ќе го решаваат победникот од групата, во директен дуел со Полска, која што пријатно изненадува и досега има три победи и само еден пораз.
Кошаркарите на Србија отворија фуриозно и за краток период се изборија за двоцифрена предност, која што и не ја испуштија до крајот на натпреварот. Никола Јокиќ имаше неверојатна партија и беше најефикасен кај Србија со 29 поени (10/12 за два, 1/1 за тројки, 6/6 слободни фрлања). Мициќ имаше 19, Јарамаз 10, Калиниќ 9 и Лучиќ седум поени.