Бостон Селтикс поведоа во финалната серија од Источната конференција против Мајами Хит откако синоќа на Флорида славеа со 93:80 .
Бостон Селтикс забележа вредна победа во финалната серија од Источната конференција. Тие славеа во Мајами против Хит со 93:80 и со тоа поведоа со 3-2 во серијата и стигнаа до првата меч топка за влез во финалето на лигата.
Тоа ќе имаат можност да го сторат на својот паркет во Бостон каде е закажан шестиот натпревар, а доколку го задржат високото ниво на игра во одбраната како на последните два натпревари ќе бидат многу блиску до остварување на целта.
На последниот меч ја оставија комплетната стартна петорка на Мајами на едноцифрен број на поени, одиграа фантастична одбрана и уште еднаш одиграа одлично во таа фаза и по 82 поени на последниот меч сега им дозволија на Хит само 80 поени.
Одлуката падна во вториот дел каде Мајами започна многу лошо, Селтикси целосно ја презедоа контролата на натпреварот во третата четвртина и до крајот немаа повеќе проблеми.
Третата делница му припадна на Бостон со дури 32:16. Селтикси во еден период направија серија од 24:2, побегнаа на 83:60 и веќе беше јасно кој ќе победи.
Мајами се обиде да се врати со шут за три поени, што не беше добра идеја со оглед на тоа што нивната тројка беше прилично лоша 7/45 и Бостон немаше проблем да ја одржи контролата на натпреварот.
Селтикси ги предводеа Џејлен Браун со 25 поени и Џејсон Тејтум со 22 поени, 12 скока и девет асистенции. Кај Мајами, Бам Адебајо постигна 18 поени со десет скока, а Гејб Винсент додаде 15 поени.