Рома стана првиот носител на трофејот во Лигата на конференциите, во финалето во Тирана го совлада Феенорд со 1-0, а за нејзиниот тренер Жозе Мурињо овој трофеј има посебна вредност бидејќи стана првиот тренер кој освоил трофеи во Лигата на шампионите , Лига Европа и Лига конференција, вкупно пет европски трофеи.
Во пресрет на ова финале се шпекулираше дали Мурињо ќе остане во Рома, но сега по освојувањето на европскиот трофеј веќе ги нема тие дилеми.
Мурињо го потврди тоа вечерва во разговор со новинарите по натпреварот.
„Ќе одбијам секаква понуда! Останувам во Рома и покрај сите шпекулации. Денеска постигнавме историски успех и не се сомневам, останувам тренер на Рома“, изјави расположениот Мурињо.