Евертон се уште може да се надева дека ќе опстане во англиската Премиер лигата, пред се благодарение на Џордан Пикфорд кој денеска на голема сцена презентираше зошто е англиски репрезентативец.
Евертон ја искористи големата грешка на Аспиликуета и поведе со голот на Ришарлисон на стартот на вториот дел, а набрзо после тоа, Миколенко го фрустрираше Лампард откако промаши зицер за 2:0.
Подобриот старт на „карамелите“ ги натера гостите да заиграат поангажирано, па на крајот само Пикфорд е главен виновник што Челси си замина со пораз, а Евертон освои драгоцени три бода во битката за опстанок.
Пикфорд ја режираше одбраната на сезоната во Премиер лигата откако претходно Маунт немаше среќа и ги погоди двете стативи, а при следниот корнер, храбриот Џордан се фрли во нозе на Ридигер и со лице одбрани уште еден чист гол. Двојната одбрана го одржа Евертон во живот, а беше клучен и во судиското продолжение при еден удар на Ковачиќ.
Со овие три златни бода, Евертон сега брои вкупно 32 и е на само два од спас на четири кола пред крајот.