Официјално градскиот стадион во Кавадарци доби дозвола од комисијата на ФФМ дека може да игра прволигашки мечеви, а тоа значи дека Тиквеш во среда натпреварот со Академија Пандев ќе го игра на свој терен.
Поради реконструкција на стадионот, тревникот и соблекувалните, првиот меч од оваа сезона како домаќин го играше во Прилеп, кога против шампионот Шкендија се избори за реми и успеа да стигне до првиот бод сезонава.
По 17 години пост од прволигашки фудбал, во среда кавадарчани ќе се присетат на своите славни фудбалски денови. Навивачката група “Лозари” сигурно се нестрпливи и очекуваме да направат фешта на премиерата на своите миленици на градскиот стадион во Кавадарци.
Натпреварот со Академија Пандев е закажан за среда во 17 часот.