Ѓоко Зајков македонскиот фудбалски репрезентативец својата кариера ќе ја продолжи во бугарскиот прволигаш ПФЦ Левски. Договорот е потпишан со времетреање од една година.
Последен клуб за кој што Зајков настапуваше беше белгиски Шарлроа, а дел од кариерата ја помина и во француското првенство поточно во Рен.
Зајков има 17 настаппи за Македонската фудбалска репрезентација и има постигнато еден гол. Беше дел од нашата репрезентација на Европското првенство оваа година.