Манчестер јунајтед вечерва го елиминира Брајтон по изведување на пенали и обезбеди финале во ФА-купот, каде што ќе се соочи против градскиот ривал Манчестер сити кој беше подобар од Шефилд јунајтед со 3-0.
Бруно Фернандеш ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме, но не ја искористи, па казната можеше да стигне во 57. минута кога Де Хеа го спаси голот на „ѓаволите“ по силниот удар на Хулио Енсисо.
Де Хеа имаше уште една одлична одбрана во 83. минута и му обезбеди продолженија на гигантот од Манчестер, каде што двете екипи имаа по неколку шанси, но мрежите мируваа.
Во пенал-рулетот трагичар беше Марч, кој промаши во седмата серија, а потоа Линделоф го матираше Санчез за да му обезбеди финале на својот тим во ФА-купот.