Фудбалерите на Севилја го остварија третиот триумф во последните четири меча во Ла Лига, откако денеска на домашен терен беа подобри од Вилјареал со 2-1.
Рафа Мир во 34. минута погоди за водство на екипата од Андалузија, по што Џексон стрелаше за 1-1, но неговиот погодок беше поништен од ВАР-системот поради офсајд.
„Жолтата подморница“, сепак, до израмнување доаѓа во 57. минута преку Торес, но Ен Незири во 94. минута со глава ја затресе мрежата на гостите за триумф на Севилја од 2-1.
GOAL | Sevilla 2-1 Villarreal | Youssef En-Nesyripic.twitter.com/uVzS6CknXp
— VAR Tático (@vartatico) April 23, 2023
Севилја има 38 бодови на 12. место во Ла Лига, додека Вилјареал остана шести со 47 бода.