Бруно Гимараеш се погоди како фантастично засилување за Њукасл во јануарскиот преоден рок, па сега премиерлигашот се фокусира на уште еден Бразилец од тимот на Лион.
Мета на „црно-белите“ е Лукас Пакета. Бразилскиот репрезентативец игра одлична сезона во дресот на Лион, па англискиот тим ќе понуди 40 милиони евра за да го откупи неговиот договор.
Во Лига 1 изминатава сезона офанзивниот играч за врска одигра 35 натпревари и постигна девет голови со пет асистенции. Пакета две сезони е дел од Лион, каде дојде од редовите на Милан за 20 милиони евра.