Арсенал со убедливи 5-0 победи на гостувањето кај Барнли, додека непријатен пораз доживеа Тотенхем кој на свој терен загуби од Вулверхемптон со 2-1.

По победата од 6-0 над Вест Хем во минатото коло, Арсенал оствари  уште еден моќен триумф, овојпат со 5-0 победи кај Барнли.

Сака беше стрелец на два гола, по еднаш мрежата на домаќинот ја погодија Одегард, Тросар и Хаверц.

Екипата на Тотенхем загуби на свој терен од Вулвс. Гомеш ги даде двата гола за гостите, Кулушевски погоди за спарс.

Њукасл во судиското продолжение се спаси од пораз во дуелот со Борнмут. Мечот заврши 2-2.

Гостите на двапати имаа водство со головите на Соланке и Семењо, Њукасл израмнуваше со погодоци на Гордон и Ричи.

Астон Вила со два гола на Воткинс погоди кај Фулам со 2-1. Нотингем Форест со 2-0 беше подобар од Вест Хем.