Ни доаѓаат нови одложувања од Премиер лигата на познатиот „Боксинг деј“.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Лидс кој требаше да се одигра во недела е одложен, потврдија од клубот од Енфилд.

Причината е направените тестирања кои покажаа неколку позитивни резултати во тимот на Лидс.

Нов датум ќе биде објавен подоцна.

Останува да видиме како Премиер лигата ќе ги вклопи големиот број одложени натпревари, пред се на Тотенхем, кој заостанува два меча.

https://twitter.com/LFC/status/1473986926302699525?s=20